Вчера во Скопје регистрирани дванаесет сообраќајни незгоди

Сообраќајни незгоди во Скопје

Пет лица се здобиле со полесни повреди во четири од вкупно 12 сообраќајни несреќи што се регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Осум сообраќајки се со материјална штета. 


Во текот на изминатиот  ден полицијата открила поголем број прекршоци. Дванаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло на семафорите, десет возачи ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола,  а 67 за  непрописно паркирани возила.

 

Со помош на  специјалното возило отстранети се 47 возилa.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.