Утре делови од Скопје без струја, а дел од Центар без вода

Делови од Скопје без струја и вода

Во текот на утрешниот ден делови од општините Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец ќе останат без електрична енергија, а дел од Општина Центар ќе остане без вода.

 

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од потрошувачите од општина Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Петровец. 

 

Од 9,00 – 14,30 часот без електрична енергија ќе останат потрошувачите од ул. Илинденска бр. 25 во општина  Центар, од 9,00 – 14,00 часот дел од улиците Желево, Разловечко Востание, Волгоградска и Трипун Бузев во општина Карпош и ул. Алекса Демниевски – ул. 25 во Ѓорче Петров, од 9,00 – 15,00 часот дел од потрошувачите во село Рашче  и  од 14,00 – 16,00 часот  градинката 25 Мај и околината во село Петровец.

 

Утре е најавен и прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците во општина Центар.

 

ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради дефект на затварач (шибер) од Ф 80 мм  на ул. Никола Кљусев бр. 5  прекинато водоснабдување  ќе  имаат корисниците   од  ул. Никола Кљусев од  09:00  часот  до завршување  на работите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.