Tим од Општина Ѓорче Петров на петдневна обука во Бугарија во рамките на ЕРАЗМУС + програмата

ЕРАЗМУС +

Тим од основното училиште Мирче ацев од општина Ѓорче Петров беше на петдневна обука во Бугарија во рамки на Еразмус плус програмата. Посетата се реализираше во рамките на програмата Имплементација на „учење преку работа” едукативни методи на настава за употреба на соларната енергија во основните училишта, а главната цел на проектот е да се развие соодветна рамка за учење на децата од основните училишта за обновливи извори на енергија.

 

Претставници од Општина Ѓорче Петров и тим наставници од ООУ „Мирче Ацев” беа на петдневна обука во Разлог, Р Бугарија во рамките на Проектот Имплементација на „учење преку работа” едукативни методи на настава за употреба на соларната енергија во основните училишта под ЕРАЗМУС + програма.


Главната цел на проектот е да се развие соодветна рамка за учење на децата од основните училишта за обновливи извори на енергија (ОИЕ), односно соларна енергија, преку практична примена. Проектот опфаќа релевантни теми како животната средина и климатските промени, енергија и ресурси и природните науки.


Целни групи на проектот се наставниците и учениците во основните училишта и од витално значење е дека тие ќе развијат солидно разбирање за моќта на сонцето и многу примени на соларната енергија. Овој проект е одличен почеток за младите повеќе да дознаат за моќта на соларната енергија, да бидат поинформирани за суштинската улога на соларните панели во менување на светот на енергијата и да бидат подготвени за спроведување на соларни технологии во реалниот живот. На тој начин ќе бидат и дел од глобалните напори за намалување на негативното влијание врз животната средина од страна на традиционалните извори на енергија, велат од општина Ѓорче Петров.


Наставничките тимови ќе имаат можност за практична имплементација на стекнатото знаење за обновливите извори на енергија на училишните часови.
Ова стратешко партнерство ќе даде голем придонес за подобрување на квалитетот на основното образование и, исто така, подобрување на квалитетот на наставниците од основните училишта, додаваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.