Чаир

Ѕид падна на Дижонска, оштетени две возила

Два автомобила се оштетени откако ѕид со кој била оградена куќа синоќа паднал на улицата Дижонска.

„Б.И.(32) од Скопје пријавил дека околу 20 часот на улицата Дижонска оштетено било неговото патничко моторно возило 'фолксваген пасат' со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило 'форд' со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје. Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил“, информираат од МВР.

Од полициски службеници од СВР Скопје било излезено на местото на настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.