Локалата самоуправа има клучна улога во развојот на претприемништвото

,,Ден на европскиот претприемач,,

Со работни сесии денеска започна 12-то издание на конференцијата ,,Ден на европскиот претприемач,, . Овој настан е посветен на начинот и тоа како Локалната самоупправа може да влијае на развојот на малите и средни претпријатија и развојот на претприемништвото.

 

Со одржување на работните сесии на теми ,,Локалната самоуправа како предуслов за развој на мали и средни претпријатија,, и ,,Старт-ап Еко Систем и неговиот развој,, се отвори дванаесетото издание на конференцијата ,,Ден на европскиот претприемач,,. Фондот за иновации и технолошки развој го проширува фокусот на своето делување и ќе финасира и мали и средни претпријатија кои остваруваат годишен приход поголем од еден милион евра, најави директорот на Фондот Јован Деспотовски на работната сесија.

 

Извршниот директор на Европската бизнис асоцијација Димитар Ристовски посочи дека денешниот настан е дел од Европската недела на мали и средни претпријатија што традиционално веќе 12 години се одбележува во Македонија со акцент на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија и улогата на Локалната самоуправа во развој на малите и средни претпријатија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.