Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 0,10 % во однос на одлуката од 25.3.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,221 %, кај дизелот 2,056 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 2,473 % и кај „мазутот“ зголемувањето е 1,402 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,464 %.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,683 денари/кг и сега ќе изнесува 45,459 денари/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 2.4.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.