Загина 76-годишник, огнот избил на шестиот кат и постоела голема опасност да се рашири: детали за пожарот во Аеродром

Седумдесет и шестгодишник го загуби животот во пожарот во скопски Аеродром.

„Имавме пријава за пожар во станбена зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје на шести кат , пожарот беше веќе во развиена фаза имаше опасност да се крене на погорните катови“, вели Звонко Томевски командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Тој додава дека е интервенирано  со 15 пожарникари и со 6 ПП возила.

„Со брзата интервенција спречено е ширењето на другите станови, но за жал во опожарениот стан починато е повозрасно лице. Повикана е екипа на МВР да изврши увид, И брза помош кој констатираше смрт“, додава тој.

Како што вели Томевски пожарот е целосно изгаснат.

И МВР информираше дека седумдесет и шестгодишник го загубил животот во пожарот во скопски Аеродром.

„Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.