Путин го смени министерот за одбрана

Рускиот претседател Владимир Путин предложи смена на министерот за одбрана и долгогодишен сојузник Сергеј Шојгу по повеќе од две години војна во Украина, објави Горниот дом на парламентот.
 
Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон.
 
Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
 
Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога ќе се случи нешто лошо“, мислејќи на серијата дефекти на авионите на компанијата во изминатиот период.
 

Силен земјотрес во близина на брегот на Мексико

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на мексиканската држава Чијапас, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
 
Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во „Вила Водно“.
 
Грчката амбасадорка во земјава – Софија Филипиду, ја напушти собраниската сала за време на инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата.
 
Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, без притоа, да употреби Северна во името на државата.
 
Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност, односно 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија.
 

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против градот Рафа на југот на земјата, јави ДПА.
 
Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
 
Најмалку 11 лица, претежно ученици, загинаа во тешка несреќа со училишен автобус во Индонезија, пренесува „АП“.
 
Во Кабинетот на претседателот денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
 

(Видео) Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито.
 
Изненаден сум колку сум среќен. Мислев дека ќе бидам потажен затоа што сепак изгубивме, но воопшто не сум тажен, навистина сум среќен, вели Бејби Лазања, кој  ја отпеа Рим Тим Таги Дим, вчера, на 68. Избор за песна на Евровизија одржана во Малме.
 
„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи.
 
Најмалку 90 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија локалните власти.
 
Државната изборна комисија и’ го издаде Уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71. роденден.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.