Здравје/Фитнес

Чудотворна комбинација- чај кој ги согорува мастите

Зелениот чај се користи во Кина многу векови за лекување на разни здравствени проблеми.

 

Многу луѓе го користат и за намалување на вишокот тежина, како резултат на катехините кои ги содржи, а за кои се верува дека се одговорни за горење масти. Исто така, зелениот чај содржи голема количина на epigallocatechin галат, со што се забрзува метаболизмот и даваат посебен резултати кога вежбате.

 

Од друга страна, циметот помага да се согоруваат масни наслаги и е многу здрав. Циметот гликозата ја претвара во енергија, а не во масти. Покрај тоа, го намалува нивото на шеќер во крвта и позитивно влијае врз работата на нашиот метаболизам.

 

Ловоров лист, исто така, го забрзува метаболизмот, добар е за варењето на храната, го намалува стресот и анксиозноста кои влијаат на појавата на вишокот тежина. Комбинацијата на овие три состојки е голем хит за брзо губење на тежината, но се разбира дека во покрај чајот, вашата исхрана треба да биде избалансирана и да бидете физички активни.

 

За да го направите овој прекрасен пијалок кој ќе ги стопи килограмите, потребно е:

- рамна супена лажица зелен чај

- 1 стапче цимет

- 3 ловорови лисја

- 800 мл вода

 

Подготовка и конзумација:

 

Сварете ја водата и тргнете ја од шпоретот.

Додадете цимет, ловоров лист и зелен чај.

Оставете да стои 15 минути, а потоа процедете.

Неопходно е да консумирате три чаши чај дневно.

Рано наутро, штом ќе станете, испијте ја првата чаша на празен стомак.

Пијте ја втората чаша веднаш по појадокот, и третата вечер, непосредно пред спиење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.