Здравје/Фитнес

Пијалок кој никако не треба да го нарачувате во ресторан- преполн е со бактерии!

Сите веруваме дека објектите за јадење и пиење во кои поминуваме голем дел од времето се чисти, меѓутоа не можеме да бидеме сигурни дека се што таму конзумираме е бактериски чисто.

 

Со тоа не сакаме да кажеме дека следниот пат кога ќе седите во кафуле треба да носите сопствени хигиенски производи, туку само треба да научите кои пијалаци не треба да ги нарачате за да избегнете ризичен контакт со бактериите.

 

  Една студија покажала дека во напитокот што најчесто го нарачуваме се кријат повеќето бактерии, а тоа е чаша вода или газиран сок со парче лимон. Истражувачите тестирале 76 парчиња од лимон од 21 ресторан и откриле дека 70% односно 53 резанки биле заразени со бактерии.  

 

Иако ова не е најсеопфатно истражување на оваа тема, можете исто така да забележите дека парче од лимон што го добивате во чашата веќе е пресечено однапред, и дека овие овошја се чуваат во пластични садови на собна температура, што е идеално опкружување за бактериите.  

 

Истражувањето не го открива јасно изворот на овие бактерии, но откри дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолни пијалоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.