Здравје/Фитнес

Неколку причини зошто на организмот му треба магнезиум

Доколку имате лош сон, главоболки, грчеви во мускулите или константен замор, или пак се соочувате со раздразливост и голема потреба за чоколадо можно е да имате недостаток на магнезиум во организмот.

 

Во продолжение ви презентираме неколку причини поради кои е важно да ги задоволите дневните потреби за магнезиум. Го смирува нервниот систем, го подобрува сонот Магнезиумот регулира одредени хормони во нашиот организам кои имаат смирувачко дејство на мозокот, придонесува за релаксација и опуштање.

 

Овој минерал е важен и за функцијата на неуротрансмитерот наречен габа, заслужен за лачење на серотонин, хормонот на среќа.

 

Го подобрува метаболизмот

 

Магнезиумот ја регулира желудочната киселина, па тие што патат од опстипација, важно е да го внесуваат магнезиумот во организмот.

 

Ги опушта и мускулите во целиот дигестивен систем. Ги намалува грчевите, болките и напнатоста во мускулите. Ја ублажува мигрената и ја спречува депресијата.

 

Магнезиумот придонесува за циркулација на крвта, го спречува стеснувањето на крвните садови, кое е најчест причинител за зголемување на крвниот притисок, ги опушта хормоните за ублажување на болки, па овој минерал може да ја спречи или ублажи појавата на мигрена.

 

Го намалува ризикот од дијабетес тип 2 Се смета дека речиси 50 проценти од дијабетичарите имаат ниско ниво на магнезиум во крвта, како и дека недостатокот од овој минерал го зголемува ризикот за заболување од дијабетес тип 2.

 

Освен во форма на таблети или прашок, магнезиумот најдобро е да се внесува преку храна, а се содржи во: коприва, спанаќ, брокула, прокељ, црн грав, бадеми, индиски ореви, авокадо, компир, семки од тиква, банани, киноа и темно чоколадо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.