Здравје/Фитнес
Гответе со маслиново масло и спречете висок крвен притисок
- Детали
- Категорија: Здравје/Фитнес
- Создадено: 19 Јануари 2019
Луѓето можат да го намалат ризикот од висок крвен притисок правејќи некои промени во нивниот животен стил или исхрана. Една од промените што ги предложија шпанските специјалисти е да се готви со маслиново масло, пишува Дејли Експрес.
Според експертите, маслиновото масло е меѓу најдобрите масла за готвење и не само што може да помогне во заштитата од висок крвен притисок, туку и да го подобри општото здравје.
Корисниот ефект на маслиновото масло се должи на неговите полифеноли - група антиоксиданти со бројни здравствени придобивки. Овие супстанции го намалуваат оксидативниот стрес и ја подобруваат функцијата на крвните садови.
За целите на истражувањето стручњаците ги споредиле ефектите врз крвниот притисок од две четиримесечни диети, од кои едната богата со маслиново масло и соодветно со полифеноли, а другата - сиромашна.
Резултатите покажале дека обилното консумирање на маслиново масло се поврзува со намалување на крвниот притисок, а ефектот е поизразен кај жените.
Маслиновото масло исто така поседува противопъзпалителни својства и може да помогне во намалувањето на ризикот од дијабетес тип 2, артритис, и дури од некои видови рак, тврдат експертите за исхрана.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс