Здравје/Фитнес

Со овие намирници прелажете го гладот и останете слаби и витки

Празничната трпеза на нашата маса придонесе да се здебелиме по некој килограм. Но, проблемот не се само килограмите кои можеме лесно да ги намалиме, туку проширувањето на желудникот како резултат на зголемен внес на храна.

 

Последица на тоа е зголемен и неконтролиран апетит. Сепак, ригорозните диети не се решение.

 

Тие само ќе придонесат за намалување на вашиот имунитет, ќе се чувствувате заморени, а ќе бидете подложни и на вируси и грипови.

 

За да го залажете чувството на глад, ние ќе ви понудиме неколку здрави намирници.

 

Банана

Банана изобилува со калиум кој помага во отстранување на вишокот вода во организмот, а една банана содржи дури 450 мг од овој елемент. Природните шеќери фруктоза, сахароза и гликоза се одличен извор на енергија за телото, па на тој начин го залажуваме гладот.

 

Житарици

Целите зрна житарици се најдобри за добро варање на организмот, но даваат и ситост поради диеталните влакна кои го намалуваат чувството на глад. Житариците исто така го регулираат и нивото на шеќер во крвта.

 

Зелен чај

Ова е ваш верен сојузник во борбата против маснотиите, бидејќи благодарение на кафетинот, се забрзува процесот на согорување на маснотиите.

 

Цимет

Омилениот зимски зачин, употребувајте го што повеќе во исхраната. Еден прстофат цимет дневно во вода или млеко го регулира најголемиот предизвикувач на глад во телото- инсулинот. Циметот го намалува и холесторолот.

 

Мешункасти плодови

Изберете го вашиот омилен мешункаст производ и конзумирајте го како главен оброк, затоа што ќе ви даде ситост најмалку четири дена. Мешункастите плодови ги викаат и месо за сиромашни затоа имаат богат протеински состав, а го забрзуваат организмот и го намалуваат чувството за глад.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.