Здравје/Фитнес

Витамин Д- задолжителен дел од вашата исхрана ако сакате здрав и квалитетен живот

Поради своето значење, витаминот Д, во списокот на Светската здравствена организација се вбројува во листата на есенцијални лекови.

 

Него го нема во поголемиот број на намирници освен во масната рива, жолчката од јајце или во производи кои се вештачки збогатени со овој витамин. Еве дел од придобивките од редовно конзумирање на витамин Д.

 

Витаминот Д ги одржува коските здрави.

Остеопорозата и рахитис кај децата и кај возрасните се поврзани со ниското ниво на витамин Д, а негово редовно конзумирање помага да се надминат овие проблеми.

 

 

Дијабет тип 2

Дванаесет годишните истражувања чии резултати се објавени во април 2018 година покажуваат дека кај учесниците со низик витамин Д ( 30 нанограми по милилитар) поголем е ризикот од дијатет тип 2.

 

Депресија

Сончевата светлост на организмот му обезбедува можност да го синтетизира витаминот Д. Истражувањата покажуваат дека зголемениот внес на витамин Д во организмот може значајно да ги намали симптомите на депресија, посебно кај покрупни луѓе.

 

Кардиоваскуларни заболувања

Еден од ретките лекови за обнова на ќелиите кои ги обиколуваат крвните садови и влијаат на циркулацијата на крвта е токму витаминот Д.

 

Деменција и Алцхајмерова болест

Витаминот Д нема да ја подобри вашата состојба ако вие боледувате од овие болести, но има огромна улога во нивното спречување, што зналчи дека мора внимателно да се следи внесот на витамин Д во организмот.

 

За почеток можете редовно да излегувате на сонце и да конзумирате намирници во исхраната богати со витамин Д.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.