Здравје/Фитнес

Маска за лице со краставица и млеко

Помина и дочекот на Новата година, и сите пред и по новогодишни забави.

 

Доколку лудите забави до раните утрински часови оставија трага на вашето лице, ќе ви откриеме домашна маска за лице која ќе ги намали подочниците и темните кругови околу очите, кои се безопасни, но прават да изгледате изморено и старо.

 

За оваа маска потребна е една мала краставица и една лажица млеко.

 

Краставицата и млекото изблендирајте ги, за да добиете густа смеса.

 

Ефектот ќе биде уште подобар ако маската ја ставите 15 минути да отстои во фрижидер, а потоа нанесете ја на лицето и благо измасирајте го пределот околу очите.

 

Оставете да делува околу 30 минути а потоа измијте го лицето со млака вода.

 

Антиоксидантите и флавоноидите кои ги содржи краставицата ќе го ублажи црвенилото, отокот и иритацијата. А, пак, комбинацијата од кофеинска киселина и витамин Ц ќе ги намали подочниците околу очите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.