Здравје/Фитнес

Навика што е поштетна од цигарите

Истражување спроведено на 122.000 лица кои трчале на подвижна лента, посочува дека речиси постојаното седење е поштетно од цигарите, дијабетесот, па и од срцевите болести.

 

– Лошата телесна форма, слабите резултати од лентата за трчање и другите вежби, во однос на смртта се позагрижувачки и од високиот крвен притисок, и од пушењето. Лекот за тоа е вежбањето, истакнува д-р Ваел Џабер.

 

Натаму, тој нагласува дека вежбањето и полезно за луѓе од сите возрасти, и за мажите и за жените.

 

– Срцевите заболувања и дијабетисот се најскапи за лекување во САД и чинат над 200 милиони долари годишно. Наместо да плаќаме толкави износи за тоа, треба граѓаните да се поттикнат на вежбање, оценува д-р Џабер





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.