Здравје/Фитнес

Покачување на имунитетот кај децата на едноставен начин!

Позната докторка од Русија ги советува родителите како да го покачат имунитетот кај децата.

-Луѓето воопшто, па и децата имаат способност да се адаптираат на сите временски услови. Промената на климата може сериозно да влијае во иднина на човечката цивилизација, но важно е да се истакне дека промените најмногу влијаат на децата, објаснува руската докторка Евгенија.

 

Современиот живот на семејствата многу се разликува од животот што бил вообичаен пред 20 или 30 години. Се е поинаку од негата на децата, до домашните техники, клима уредите, храната, времето поминато на свеж воздух, спортот и релаксацијата во детските установи. Уште еден важен фактор се компјутерите кои сериозно влијаат на современото одгледување и комуникацијата меѓу децата и родителите.

 

Докторката Евгенија Комаровски  го наведува ова за родителите да не размислуваат дека климатските фактори не се оправдување за сопствените грешки, здравјето и имунитетот на децата најнапред се формира со начинот на живот. А мајката и таткото се тие кои го обликуваат начинот на живот на детето.

 

Кога родителите не можат да проценат што е добро или лошо за нивното дете, кога не можат да им организираат правилна нега, односно режим на исхрана, вежбање, шетање, капење се ова доведува до оние родители кои се повикуваат на лоша клима, загаден воздух, неорганизирана држава, лоши доктори итн.

 

-Ако сакате вашето дете да не се разболува, ако сакате детето брзо и лесно да се адаптира на животните околности кои брзо се менуваат, тогаш читајте и интересирајте се. А пред се не дозволувајте детето да биде претопло облечено, немојте да му давате преголема количина храна, стимулирајте го на секојдневна физичка активност и немојте детето да го чувате во стерилни услови. Со децата поминувајте повеќе време на свеж воздух. Пред се на децата му се потребни мајка и татко, рекла докторката Комаровски.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.