Здравје/Фитнес

Зелени палачинки со паштета од туна

 

Веруваме, сите сте јаделе палачинки, благи или солени, во секаква варијанта.

 

Но, дали некогаш сте јаделе зелени палачинки?

 

Ви презентираме рецепт, за да можете да експериментирате во вашата кујна.

 

За палачинките потребно е:

200-250 гр брашно
1 јајце
200 мл млеко
2 лажици кокосово или маслиново масло
сол
100-150 гр блитва

за паштетата од туна:


1 конзерва туна
3 јајца
3 кисели краставички
90 гр мајонез
зрнест сенф
25 гр путер

 

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги брашното и млекото и убаво разматете ги.

– Додадете ги јајцето, солта, маслото и ситно сецканата блитва (само зелениот дел) и убаво измешајте. Оставете ја смесата да отстои најмалку 1 час.

– Тавата во која ќе ги пржите палачинките не треба да биде многу загреана. Малку намастете ја. Ставете од смесата за палачинки и пржете ги од секоја страна по 1 минута. Оставете ги да се изладат палачинките.

– За тоа време направете ја паштетата од туна. Во блендер ставете ја туната од конзерва, варените јајца и киселите краставички. Додадете ги мајонезот, биберот, зрнестиот сенф и омекнатиот путер. Убаво изблендирајте ја содржината. Паштетата оставете во фржидер најмалку 1 час пред да ги намачкате палачинките.

– Намачкајте ги зелените палачинки со паштетата и сервирајте ги.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.