Здравје/Фитнес

СО ШТО ДА ГИ ХРАНИМЕ ДЕЦАТА ВО ЗИМА?

Дали знаевте дека доматите содржат еден од најсилните антиоксиданти?

Со приближувањето на зимата, кога нема многу свеж зеленчук и сонце, неминовно треба да го промениме начинот на исхрана, така што ќе го надоместиме недостигот на некои важни витамини и хранливи материи за нашиот организам.

 

Ова е особено е важно за децата кои сега растат и се развиваат. Дури да консумираат здрава храна, како риба, овошје и зеленчук, млеко и млечни производи, во некои случаи децата имаат потреба од дополнителни додатоци на витамин Д во зима и омега-3 масни киселини.

 

Освен што ги прави подложни на вируси и настинки, недостатокот на доволно витамини и минерали може да влијае сериозно на растот, како и на нервно психичкиот и сексуален развој на адолесцентите, потсетуваат стручните лица.

 

Лекарите и нутриционистите препорачуваат детското зимско мени да вклучува повеќе сезонски, како и преработени локални овошја и зеленчук. Нивните несомнени здравствени придобивки во студените денови ја зголемуваат имунолошката заштита на организмот на детето.

 

Знаете ли, на пример, дека во доматите се содржи еден од најсилните антиоксиданси кој е како вистински штит и штити од вируси и настинки.

 

Научните докази сугерираат дека најдобро се апсорбира во телото кога се обработени доматите. Пиперките, модриот патлиџан, морковот и кромидот се меѓу најбогатите со витамини.

 

Во пиперките има повеќе витамин Ц од цитрусовите плодови, морковите го прават видот остар, како на орлите, а сокот од портокал содржи доволни количини на најважниот за здрави коски, заби и имунитетот на децата, витаминот Д.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.