Здравје/Фитнес

Вашето бебе се поти додека спие? Дознајте зошто

Недостатокот на сонце за време на зимските денови, не е проблематично само за вашата кожа.

 

Недостатокот на сонце може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Еве кои 5 знаци покажуваат дека ви недостасува витамин Д:

 

1. Се чувствувате тажни

Серотинот е хормон кој е поврзам со расположението. Докажано е дека при сончева светлина овој хормон повеќе лачи, и дава позитивно чувство, додека при недостаток на сонце истиот се намалува. Според едно истражување на учесниците во експериментот со најмалку витамин Д биле 11 пати повеќе склони кон депресија.

 

2. Имате болки во коските

Недостатокот на витамин Д доведува до остеопороза.

 

3. Се чувствувате немоќни и истоштени

Истражувачите на Харвард го поврзале витаминот Д со зголемената мускулна контрола. Витаминот Д помага да ја одржите контролата врз мускулите

 

4. Се потите повеќе од вообичаено

Потењето претставува еден од првите знаци за недостаток на витамин Д. Ова најмногу се забележува кај бебињата кои многу се потат.

 

5. Имате стомачни проблеми

Витаминот Д е масно растворлив, па ако имате проблеми во стомакот, може да имате ограничена способност да апсорбирате витамин Д.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.