Здравје/Фитнес

Користете кафе и брчките и целулитот ќе станат минато

Кафето може да биде и многу корисно за кожата и косата.

 

Освен што убав напиток посебно во утринските часови, кафето може да би многу корисно и за други работи. На пример….

 

Направете освежувачки лосион за лице

Сварете јако кафе, ставете го во сад за мраз и замрзнете го. Потоа избришете го лицето со парче мраз. Ваквиот лосион од кафе многу ја освежува кожата.

 

Направете лосион за тонирање на кожата

Избришете ја кожата на лицето со памук натопен во свежо сварено кафе. Така не само што ќе ја изедначите бојата на кожата, туку ќе добиете и малку затемнета нијанса.

 

Направете маска против брчки

Измешајте лажица ’ржано брашно во ладно јако кафе и ќе добиете густа смема како крема. Потоа додадете жолчка и добро промешајте. Нанесете ја мешавината на лицето и по 15 минути убаво исплакнете.

 

Направете си еден третман против целулит

Распоредете топло мелено кафе на проблематичните делови на телото и замотајте ги во фолија. Оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете. Исто така, можете да додадете мелено кафе во гелот за туширање и секој пат нежно да се масирате.

 

Направете си маска и сјај за темна коса

Изматете 2 жолчки и лажица рум со две лажици топла вода, па додадете лажица мелено кафе и растително масло. Нанесете на косата и оставете да делува 5 минути. Исплакнете со топла вода. Ако ви е потребно брзо да го вратите сјајот на темната коса, сварете па изладете јако кафе и со него попрскајте ја косата, а потоа внимателно исчешлајте се





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.