Здравје/Фитнес

Не ја фрлајте лушпата од бананите - Еве за што може да ја искористите!

Бананата е многу повеќе од вкусна храна – таа може да ви помогне при спиењето, па дури и да ви ги намали болките во стомакот.

 

Но, што е со нивните лушпи? Дали треба само да ги фрлиме во канта за ѓубре?

 

Поголемиот дел од луѓето веројатно и го прават тоа, но лушпата од банана не мора да биде само уште едно парче ѓубре.

 

Во продолжение прочитајте на кои се начини можете да ја искористите лушпата од ова овошје.

 

Нахранете ги цвеќињата

Ставете ја лушпата од банана во голем сад полн со вода, измешајте ја смесата, а потоа едноставно налејте ја оваа смеса во саксиите со цвеќе. Лушпата од банана брзо се разградува и во земјата испушта голема количина на хранливи материи.

 

Ублажете ја алергијата и чешањето

Нанесете лушпа од банана на местото каде сте се исфрлале за да го ублажите чешањето и да го поттикнете процесот на лекување.

 

Омекнете го месото при печење

Додадете лушпа од банана во сад за печење, со цел да спречите парчињата месо без коски и кожа да се исушат во текот на печењето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.