Здравје/Фитнес

Совети за справување со низок и висок крвен притисок

Се повеќе луѓе, дури и многу млади се жалат на висок или низок крвен притисок кој предизвикува вртоглавица, заматен вид, неправилна работа на срцето,  жед, краток здив, студена испотена и бледа кожа, па дури и паѓање во несвест.

 

За да избегнете намалување на крвниот притисок не треба да стоите долго време на едно место, особено не на сонце. Водете сметка да не правите нагли потези, како и да внесувате што повеќе течности.   

 

Високиот притисок пак, е поопасен од нискиот затоа што го зголемува ризикот од срцеви болести, инфаркт и откажување на бубрезите, но проблемите се појавуваат почесто во текот на зимскиот период кога крвните садови поради студот се стеснуваат, па нивната проодност се намалува, што го зголемува притисокот.  

 

Симптоми на висок притисок може да бидат вртоглавица, болка во главата, односно вратот, како и чувство на тежина во градниот кош и брзо заморување. Еден од симптомите на висок крвен притисок може да биде и нарушување на видот и тоа може да доведе до мозочен удар.  

 

За регулирање на високиот крвен притисок освен лековите, и храната може да има важна улога. Луѓето со висок крвен притисок треба да внесуваат што повеќе овошје и зеленчук, риба и што помалку црвено месо.  

 

За низок притисок помага пелин. Пресечете ја билката, земете лажичка и прелијте ја со 300 мл врела вода. Оставете да се впие еден час, исцедете и поделете на 3 делови по 100 милилитри.

 

Испијте ја за еден час.      





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.