Здравје/Фитнес

Дали бананата е совршена опција за доручек? – Што велат експертите

И покрај тоа што се чини дека бананата е совршена опција за брз доручек, всушност тоа не е така, сметаат нутриционистите.

 

Бананите содржат дури 25% шеќери и спаѓаат во умерено кисели продукти, па така и не се најдобра опција ако се единствена утринска храна.

 

Најдобар начин да го започнете денот е со доручек кој согорува калории, а со кој ќе внесете доволно енергија за да издржите до следниот оброк.

 

Иако бананите ќе ви дадат одредена количина на енергија, набргу ќе почнете да чувствувате умор и глад. Бананите се подобро решение за ужина отколку утрински оброк, бидејќи не се доволни за почеток на денот.

 

За да го спречите чувството на умор и глад, откако ќе јадете банана за доручек, би требало да ја комбинирате со храна која содржи здрави маснотии, како авокадо.

 

Киселината треба да се неутрализира за да ги искористите само добри состојки на бананата како што е калиумот, влакната, магнезиумот, а не шеќерот кој само привремено ви дава енергија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.