„Амазон“ утрово беше недостапен низ целиот свет

Онлајн купувачите ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до мрежните продавници на платформата „Амазон“, а компанијата објави дека во меѓувреме го решиле проблемот.

Според веб-страницата „Даун Детектор“, онлајн услугите на „Амазон“ биле прекинати скоро два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на „Амазон“, пренесува „Ројтерс“.

Проблемот првпат се манифестираше минатата ноќ во САД, а утрово во поголемиот дел од остатокот на светот.

„ Некои клиенти можеби имале привремени проблеми при купувањето. Го решивме проблемот и сега сè се одвива нормално“ - рече портпаролот на „Амазон“, но тој одби да ја коментира причината за прекинот.

Ова е второ големо нарушување во функционирањето на оваа платформа за купување преку Интернет од крајот на јуни, кога корисниците исто така за кратко имаа проблем со пристапот до услугите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.