(Видео) 82-годишна жена ќе патува во вселената со Џеф Безос

Осумдесет и двегодишната Воли Фанк на 20 јули ќе лета во вселената со компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос со што ќе стане најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата.

View this post on Instagram

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Таа ќе биде четвртиот патник на тој прв лет со екипаж организиран од компанијата за вселенски туризам, заедно со милијардерот, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата чие име сè уште не е објавено.

 

 

Воли Фанк во 60-ите години била учесник во приватна програма позната како „Меркур 13“ во која група од 13 жени биле подложени на истите тестови како машките астронаути избрани според програмата „Меркур“ на НАСА за испраќање на првите Американци во вселената.

„Ми рекоа дека ја завршив работата подобро и побрзо од кој било“, вели Фанк во видеото објавено на Инстаграм профилот на Безос.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.