Новооткриено бело џуџе постави вселенски рекорд

Околу 97% од сите sвезди на крајот од животот стануваат бели џуџиња, едни од вселенските објекти со најголема густина. Новооткриеното бело џуџе има огромна маса во својата изненадувачки мала големина.

Научниците од Институтот за технологија во Калифорнија (Калтек) велат дека ова екстремно магнетизирано и брзовртечко бело џуџе е 35% помасивно од сонцето, а неговиот дијаметар е малку поголем од оној на Месечината.

 

 

Ова значи дека белото џуџе има најголема маса и најмала големина од сите познати бели џуџиња. Само уште два типа на објекти, црните дупки и неутронски sвезди, се погусти од белите џуџиња.

 

Потеклото на вездата, наречено ZTF J1901 + 1458, е исто така невообичаено. Научниците веруваат дека тоа е производ на бинарен sвезден систем во кој две sвезди орбитираат една околу друга. Секоја од нив станала бело џуџе на крајот од својот животен циклус, а потоа се приближила на другата и се споиле во едно.

 

Спојувањето можеби предизвикало моќна ѕвездена експлозија позната како супернова, изјави астрофизичарката од Калтех, Иларија Кајацо, раководител на студијата, објавена во списанието „Природа“. Според неа, тоа може да експлодира во иднина.

 

Необичното бело џуџе се наоѓа на околу 130 светлосни години од Земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.