Снимки на НАСА покажуваат драстичен пад на загаденоста во Кина

Сателитски снимки покажуваат драстичен пад на нивото на загаденост над Кина што барем делумно е предизвикано од падот на економската активност поради коронавирусот, јави американската вселенска агенција НАСА.

 

Мапите на НАСА покажуваат дека нивото на азот диоксид е пониско оваа година во однос на истиот период лани, пренесува Би-би-си.

 

Намалувањето на загадувањето се совпаѓа со рекордниот пад на активноста на фабриките во Кина, откако производителите ја прекинаа работата за да се спречи ширењето на вирусот.

 

Научниците од НАСА велат дека намалување на нивото на азот диоксид, кој го предизвикуваат моторните возила и индустриските постројки, за прв пат е забележано во Вухан, жариштето на вирусот, а потоа се прошиrило и на остатокот од земјата.

 

НАСА забележува дека намалувањето на загадувањето на воздухот се совпаѓа со ограничувањата наметнати во транспортот и деловните активности, бидејќи милиони луѓе се ставени во карантин.

 

Во Кина се потврдени скоро 80.000 случаи на заболени од коронавирусот и воведени се строги мерки за да се спречи ширење на истиот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.