Цукерберг поддржува нов даночен систем за онлајн гигантите

Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг ги поддржа чекорите на групата за слободен пазар, ОЕЦД за реформа на начинот на кој се плаќаат даноците на светските гиганти, дури и ако тоа значи дека компаниите како неговата ќе плаќаат повеќе за националните влади.

 

"Ние, исто така, сакаме даночни реформи. Ние сакаме процесот на ОЕЦД да успее, така што ќе имаме стабилен и сигурен систем во иднина", изјави Цукерберг во говорот што го одржа во Германија.

 

Дигиталниот данок стана клучна пречка за спорот помеѓу САД и Франција, особено, откако Париз воведе свој данок на американските дигитални гиганти како „Фејсбук“, „Гугл“, „Амазон“ и „Епл“ минатата година.

 

Вашингтон го опиша овој потег како дискриминаторски, но обете страни се согласија минатиот месец да спроведат глобална рамка под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), при што Париз го суспендираше данокот до декември 2020 година.

 

Сепак, Велика Британија е посветена на продолжување на сопствениот данок на дигитални услуги, и покрај потенцијалното влијание на ваквиот потег врз надежите на Лондон за склучување трговски договор со САД кога ќе замине од ЕУ.

 

Работите станаа покомплицирани благодарение на алтернативниот предлог на Вашингтон за т.н. опција „безбедно пристаниште“, за кој аналитичарите велат дека во суштина ќе ја направат непотребната усогласеност и ќе ги загрози шансите за сеопфатен договор до крајот на оваа година.

 

Следниот рок за преговарачите на ОЕЦД е почетокот на јули, кога 137 земји учеснички мора да се состанат за да се договорат за клучните елементи на дигиталната даночна политика.

 

ОЕЦД во изјавата во четвртокот рече дека даночните измени што се дискутираат ќе донесат четири проценти поголем глобален данок на добивка во вредност од 100 милијарди американски долари годишно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.