Епл ги затвори своите продавници во Кина поради коронавирусот

„Епл“ соопшти дека ги затвори сите свои капацитети во Кина поради коронавирусот. Продавниците нема да бидат отворени до 9-ти февруари, јавија агенциите.

 

Превентивните мерки имаат за цел да го обезбедат јавно здравје, соопшти корпорацијата.

 

Компанијата го следи примерот на училиштата, канцелариите и фабриките низ Кина кои го продолжија Лунарниот новогодишен празник во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Поради него, оваа недела Светската здравствена организација прогласи меѓународен итен случај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.