Новиот авион на Боинг на првиот тест лет

Новиот авион на американската компанија „Боинг“ полетa од Сиетл на својот прв тест лет, јавија светските агенции.

 

Боинг 777X е најголемиот патнички авион во светот со двоен мотор. Може да превезува меѓу 384 и 426 патници. Тест летот ќе трае помеѓу 3 и 5 часа, а истиот беше одложен двапати оваа недела, поради силниот ветер.

 

Боинг, чиј имиџ е лошо нарушен од двете несреќи, се надева дека новата машина ќе му помогне да се натпреварува со европскиот производител „Ербас“.
Американската компанија соопшти дека веќе продала 309 единици, секоја вредна по 442 милиони долари.

 

Boeing 777X ќе се натпреварува со новиот „Ербас“ A350-1000 со капацитет за 360 патници.

 

Загриженоста за двете најголеми компании е колку голема ќе биде побарувачката за новите модели заради преголемиот капацитет на производство и знаците на слабост во глобалната економија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.