Американска астронаутка постави рекорд

Астронаутката Кристина Кук го постави рекордот за најдолг сингл престој на просторот на жени откако во саботата го имаше 289-от ден во орбитата, јавија агенциите, повикувајќи се на соопштението на НАСА.

 

Кук пристигнала во меѓународната вселенска станица на 15 март. Таа го подобри претходниот рекорд од 288 дена, поставен од нејзината сонародничка Пеги Витсон.

 

"Ова е одлично за науката. Можеме да следиме како микрогевитацијата влијае врз човечкото тело за време на долг престој во бестежинска состојба. И ова е многу важно за идните планови да се лета кон Месечината и Марс", изјави Кук за Си-Ен-Ен за своето достигнување.

 

Кога ќе се врати на Земјата во февруари, Кристина Кук ќе има поминато 328 дена во вселената - само 12 помалку од американскиот рекорд на астронаутот Скот Кели поставен во 2016 година.

 

Повеќето од мисиите на ISS траат шест месеци. Во октомври, Кук постави уште еден рекорд, влегувајќи во првиот женски вселенски брод.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.