Гугл отпушти четворица вработени зошто сакале да организираат синдикат

Гугл соопшти дека четворица вработени се отпуштени, бидејќи биле активни во организирање на синдикат во компанијата.

 

Канцеларијата за безбедност и истрага на компанијата Гугл, испрати допис до своите вработени за отпуштањето на четворица вработени „поради јасни кршења на правилата за безбедност на податоци“.

 

Портпаролката на Гугл, Јен Кајсер, ја потврди информацијата за отпуштање на четворица вработени, но одбила да ја каже причината.

 

Затегнатите односи почнаа кога Гугл ја напушти долгогодишната пракса во која вработените беа поттикнувани јасно да изразат свои ставови и мислења околу работењето на компанијата. Прекинати се низата редовни состаноци на компанијата, за време на кои вработените можеле да поставуваат прашања до високото раководство и почна да соработува со компанија која се занимава со спречување на организирања на синдикати.

 

Во дописот до вработените на Гугл се наведува дека отпуштените вработени повеќепати барале, прегледувале и дистрибуирале информации „надвор од рамките на нивната работа“.

 

Еден од вработените примил информации за работата и позицијата на другите вработени без нивно знаење или одобрение, пишува во дописот од компанијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.