Маск откри каде ќе се наоѓа првата фабрика на „Тесла“ во Европа

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск изјави дека неговата прва фабрика во Европа ќе биде отворена во Берлин, бидејќи познатиот производител на автомобили планира да се прошири на глобално ниво.

 

Маск потврди дека неговата фирма ќе изгради и инженерски и дизајнерсјки центар во германската престолнина.

 

„Тесла“ претходно објави дека планира да го започне производството во Европа до 2021 година, и одлучи да го направи овој чекор заради зголемената конкуренција во производството на електрични автомобили.

 

„Секој знае дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е една од причините зошто ние ќе ја лоцираме нашата фабрика во Европа токму во Германија“, рече Маск при посетата на Германија.

 

Тој додаде дека фабриката ќе се наоѓа недалеку од новиот аеродром во Берлин и ќе произведува батерии, погонски склопови и возила, почнувајќи од моделот Y.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.