„Твитер“ ги забрани политичките реклами

Компанијата „Твитер“ денеска соопшти дека ќе ги забрани сите видови политичко огласување на оваа социјална мрежа низ светот.

 

Извршниот директор на компанијата Џек Дорси на Твитер наведе дека досегот на таквите пораки „треба да биде заслужен, а не купен“, пренесува Би-Ви-Си.

 

Тој додаде дека одлуката за забрана на политичко огласување ќе стапи на сила на 22 ноември и дека ќе важи за сите изборни огласи, како и за огласите што се поврзани со политички прашања, наведува Гардијан.

 

„Иако огласувањето на интернет е неверојатно моќно и многу ефикасно за комерцијалните огласувачи, таа моќ донесува значајни ризици за политиката“, наведува Дорси.

 

Најновиот потег на Твитер е во целосна спротивност со одлуката на ривалската социјална мрежа Фејсбук, која претходно овој месец соопшти дека нема да проверува нити отстранува огласи што ги објавуваат политичарите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.