Мајкрософт му ја зема зделката на Амазон - склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

Мајкрософт му ја зема зделката на Амазон, кој беше главен фаворит на тендерот и склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари.

 

 Договорот е склучен на десет години, ако сите договорени работи бидат извршени, соопшти Пентагон.

 

Амазон реагираше на ваквата одлука и оцени дека детална проценка само врз основа на споредбени понуди би придонела исходот да биде поинаков.

 

На тенедерот учествуваа и ИБМ и Oracle, компании кои отпаднаа во првичните фази.

 

Амазон речиси го доби тендерот пролетва, но Пентагон се предомисли и одлучи да ја разгледа зделката уште еднаш.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.