Турција го казни Фејсбук со над 281.000 американски долари

Турција го казни гигантот „Фејсбук“ за кршење на барањата за приватност на корисниците. Казната е во вредност од 1,6 милиони турски фунти (над 281,000 американски долари), јавуваат турските медиуми.

 

Компанијата ги објави јавните информации за полот, датумот на раѓање, брачниот статус, образованието, религијата, родниот град и каде се наоѓаат скоро 281.000 корисници. Казната ја изрече локалната служба за заштита на личните податоци.

 

Во мај оваа година, турскиот орган за заштита на податоци го казни Фејсбук 1,65 милиони фунти (289.566 долари) за претходно сторено прекршување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.