Кина развива план да создаде станица на Месечината заедно со Русија и ЕУ

Кинеската Национална вселенска администрација се согласи со Русија и ЕУ заеднички да развијат план за поставување на станица за истражување на Месечината, објавија медиумите. Ова го изјави заменик-директорот на одделот Јуанхуа.

 

 

Според него, во блиска иднина, страните ќе разговараат за задачите поврзани со спроведувањето на заеднички активности во оваа област, а исто така ќе продолжат со координацијата на прашањата поврзани со конструктивните карактеристики на идната локација.

 

Како што беше најавено од страна на Центарот за лунарски истражувања и вселенски програми до Владата, две до три години експерти од Кина, Русија и ЕУ ќе ја подготвуваат финалната верзија на документот. За таа цел ќе се формира Меѓувладин координативен комитет.

 

Кина активно ја развива својата национална вселенска програма, развива метеоролошки, телекомуникациски и навигациски сателити, како и истражување на Месечината. Покрај тоа, кинеските научници се занимаваа со истражувачки проект за астероиди и Марс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.