Индија се подготвува да лета до Месечината

Утре Индија ќе направи втор обид да истрела свој вселенски апарат кон Месечината, откако минатата недела заради проблем во системот за гориво истата се одложи.

 

Индија напорно се обидува да стане четвртата нација во светот - по Русија, САД и Кина - чиј вселенски апарат ќе слета на природниот сателит на Земјата, пренесуваат мдиумите.

 

Новиот обид е закажан за 14:43 по локално време в понеделник, велат од Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO).

 

"Чандрајан "2 е подготвен да однесе една милијарда соништа на Месечината - сега повеќе од кога и да било", рекоа од агенцијата.

 

Првиот обид за употреба беше одложен помалку од еден час пред планираното полетување поради како што изјавија властите "техничка грешка". Локалните медиуми, цитирајќи ги официјалните претставници на ИСРО, рекоа дека проблемот бил во истекувањето на горивото.

 

Агенцијата вчера преку Твитер објави дека подготвителната работа за лансирањето е успешна.

 

"Чандрајан "2  ќе биде донесен во вселената од најмоќната ракета во Индија.

 

Експертите изјавија дека при такви мисии треба да се очекуваат неуспеси, со оглед на нивната комплексност и дека е разумно да се забави лансирањето, наместо да се преземат ризици, кои можат да го загрозат проектот.

 

"Во таква амбициозна и престижна мисија како "Чандрајан"-2, човек не може да се потпира на среќа, дури и ако биде пронајден мал пропуст", рече за АФП Раджесвари Пилаи Раджагопалан, шеф на вселенската политика во експертската група Фондација за следење на истражување.

 

Поранешниот научник од НАСА Кумар Кришна рече дека вселенската агенција на Индија треба да биде поздравена за почнување на амбициозниот проект "Чандрајан" -2.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.