Јапонски научници ја демантираат теоријата на Стивен Хокинг

Јапонски научници ја демантираат теоријата на Стивен Хокинг за темната материја, соопштија светските агенции.

 

Таа вели дека во универзумот има мали црни дупки, формирани веднаш по Големата експлозија, и дека со спојувањето им се формирала темна материја. Тие се со мали димензии, но со огромна маса - црна дупка со хоризонт од 0,1 милиметри би требало да е со маса од 67 квинтилиона тони.

 

Со помош на телескопот "Субару" во Хаваи научниците се обиделе да регистрираат искривување на светлината од објекти, крај кои се движат црни дупки. За 7 часа поминати во обиди да се регистрира измена во осветленоста на ѕвезда поради поминување на примарна црна дупка помеѓу светилката и очевидец, биле направени 190 фотографии.

 

Ако теоријата на Хокинг одговараше на вистината, научниците требало да го видат околу 1.000 пати ефектот на гравитационата леќа, но станаа сведоци само на еден сличен настан. Затоа уделот на примарните црни дупки сочинува само 0,1 процент од темната материја, а тоа е спротивно на теоријата на Хокинг од 1971 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.