Успешно тестиран рускиот авион Иљушин 112В

Најновиот руски воено-транспортен авион Иљушин 112В, кој треба да го замени украинскиот Антонов 26, денеска го изведе својот прв лет.

 

На тестирањето што помина без проблеми, присуствуваа и потпретседателот на Владата на Русија, Јуриј Борисов, како и претставници на Министерството за одбрана и на Министерството за трговски развој.

 

– Ил-112В не е само транспортер туку единствена платформа која може да биде искористена и за воен и за широк цивилен спектар. Леталото е изработено само од домашни делови. Нашата задача е авионот да не отстапува од современите странски пандани, посочи Борисов.

 

На авионот Ил-112В се работеше од 2014 година. Тој треба да ги замени застарените Ан-26. До 2030 година ќе бидат повлечени 90 проценти од Ан-26.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.