ТЕСЛА го најави долго ветуваниот Модел 3 од 35000 долари
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 01 Март 2019
Моделот 3 кој чини 35000 долари конечно пристигна. Последните известувања на Тесла одат во насока на редизајниран ентериер и намален капацитет на батеријата од 220 милји кои се поминуваат со едно полнење наспроти 264 милји на повисокиот модел.
Производителот на електрични автомобили пушти исто така и малку засилена верзија на Моделот 3, која поминува 240 милји со едно полнење и има почетна цена од 37000 долари.
Доставувањето на возилата ќе одзема приближно две до четири седмици, наведено е на официјалната веб страна.
Моделот 3 развива брзина од 130 милји на час и може да достигне од 0 до 60 милји за 5,6 секунди. Црната боја е единствената во која доаѓа овој најевтин модел.
Од Тесла изјавива исто така дека ги преместуваат сите продажби на возилата да се вршат преку интернет. Овој потег велат дека овозможува на компанијата да ги намали цените на сите возила за околу 6%.
Купувачите ќе имаат седум дневен или 1000 милји пробен период во кој ќе можат да ја вратат колата за целосно враќање на парите, велат од Тесла. Ова е продолжување на тест периодот од страна на производителот кој до сега беше три дена.
„Баш буквално, можете да купите Тесла, да ја возите неколку стотици милји на викенд патување со пријателите и потоа да ја вратите и да си ги добиете парите назад“, изјавуваат од Тесла.
Директорот на Тесла Елон Маск одамна го зацрта Моделот 3 како масовно произведуван компактен седан, целејќи да пушти во продажба верзија од возилото кое чини 35000 долари, цена која за разлика од скапите Модел С и Икс електрични седани од 69500 долари, е прифатлива за многу поголем круг на клиенти.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс