Прв елетромотоцикл изработен на ЗД печатач

Компанијата „БигРеп“ го произведе првиот елктромотоцикл изработен со помош на 3Д печатач, јави Би-Би-Си.

 

Мотоциклот се состои од 15 делови, од кои само моторот и акумулаторот не се изработени со 3Д печатачот.

 

Директорот во компанијата Штефан Бајер информира дека новиот елетромотоцикл бил изработен за три дена и дека трошоците за негово производство изнесуваат 2.600 американски долари.

 

– ЗД печатачот ни овозможува да ги надминеме ограничувањата и да изработиме апсолутно нови карактеристики и дизајн. Ќе беше невозможно да го изработиме нашиот мотоцикл со традиционалните методи, додаде Бајер.

 

Компанијата „БигРеп“ е специјализирана за изработка на уреди и апарати со 3Д печатачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.