Целосното затемнување на Месечината на 21 јануари ќе биде последно до 2022 година

Целосното затемнување на Месечината ќе може да биде забележано од Северна и Јужна Америка, голем дел од Европа и Западна Африка ноќта на 20-ти кон 21 јануари, информираше НАСА, а пренесоа агенциите.

 

Потоа целосно затемнување на месечината нема да има до 2022 година. За Европејците и Африканците, целосното затемнување на Месечината ќе се случи кон крајот на ноќта, непосредно пред зори. Од источните континенти, феноменот нема да биде толку добро забележан поради изгрејсонцето.

Фазата на целосно затемнување на Месечината ќе биде околу 45 минути пократка од онаа на големото затемнување во јули 2018 година, кое беше најдолго во 21 век.

Следното целосно затемнување на Месечината што ќе се види во Европа ќе се случи на 16 мај 2022 година. До тогаш ќе има делумни затемнувања на Месечината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.