Дали сеуште копате биткоинти? Не очајувајте, тој најде спас во Русија и Кина!

Криптовалутата Биткоин на почетокот на минатата година, се продаваше за повеќе од 20.000 американски долари, а денес неговата вредност е нешто помалку од 4000 долари.

 

Изминатата година ги уништи надежите на многумина кои ги зафати "криптовалутната треска" - ненадејниот пад на вредноста едноставно ги исфрли сите од игра посебно оние "мали инвеститори" кои сметаат дека тие ќе направат пари преку ноќ.

 

Сепак, оваа валута најде спас, главно во финансиски трансакции извршени помеѓу Русија и Кина.

 

Иако вредноста на најголемата криптовалута, Биткоин, во текот на 2018 година, е намален пет пати, добрата вест е дека намалувањето не влијае на глобалната економија, пишува рускиот весник "vzgljad".

 

Биткоинот на почетокот на минатата година, се продаваше за повеќе од 20.000 американски долари, а денес неговата вредност е нешто помалку од 4.000.

 

Сепак, сеуште е рано да се зборува за тоа дали оваа криптовалута е пред пропаѓање, од една страна на пазарот Биткоинот доживува огромна криза, а од друга страна, вкупната пазарна капитализација сеуште е седум пати поголема отколку што беше случај пред две години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.