ПОСАКАЈТЕ ЖЕЛБА! Викендов ѕвездено шоу на небото

Астрономите очекуваат ноќта на 11 ноември, меѓу 5 и 10 метеори да го понудат највпечатливото ѕвездено шоу на небото.

 

Метеорниот поток е наречен "Северна Таврида", откриен уште во далечната 1869 година.

 

Ѕвездениот прав доаѓа од кометата "Енке", а ројот ѕвезди ќе биде голем заради нејзината обемност. Ќе паѓаат ѕвезди со различен интензитет.


Астрономите изјавуваат: Доцните часови се погодни за набљудување. Подобра видливост постои на места каде што загадувањето е минимално - т.е. - далеку од градските светла.

 

Ако го видите тој природен феномен, не заборавајте да си посакате желба!

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.