Гледајте пренос во живо на планетата Земја од вселената

 

На овој линк можете да гледате жив пренос со висока дефиниција (HD) на планетата Земја погледната од вселената. Камерите се поставени на Интернационалната Вселенска Станица (ISS) на која се наоѓаат астронаути од НАСА, руски космонаути, како и микс од јапонски, канадски и европски астронаути. 

 

Вселенската станица орбитира околу Земјата за 90 минути а на секои 45 минути влегува во ноќната страна на планетата. Во тој период не се емитува видео но постои можност да погледнете снимки од Земјата додека чекате.

 

Можете слободно да оставате коментари, но од уредувачите на НАСА каналот на Јутјуб замолуваат за учтивост и пристојност при коментирањето. Како што ќе можете да забележите и самите, повремено се појавуваат и коментари на скептици кои тврдат дека сето тоа кое се прикажува е нереално и измислено, дека Вселенска станица која орбитира околу планетата воопшто и не постои, а некои одат и до таму да тврдат дека Земјата воопшто и не е округла туку рамна плоча.

 

Ве оставаме да уживате во убавините на планетата и самите да си оформите сопствено мислење околу веродостојноста на овој пренос.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.