ВЕДНАШ ПРОВЕРЕТЕ СИ ГО ТЕЛЕФОНОТ! Ако имате некоја од овие апликации, избришете ја

Откриени се голем број Андроид апликации кои содржат опасен вирус кој им овозможува на хакерите да ги крадат банкарските податоците на корисниците.

 

Станува збор за 29 апликации кои се чинат безопасни и нудат управување со батеријата или хороскоп, или пак  ги оптимизираат и чистат мобилните телефони, но всушност тие се заразени со тројанецот што овозможува хакерите да испраќаат и примаат пораки на заразениот уред.

 

На овој начин, хакерите би можеле да добијат пристап до безбедносните протоколи кои ги чуваат банкарските податоци, објави "Дејли мејл".

 

Откако фирмата за безбедност ESET откри опасни апликации, тие го известија Гугл кој ги отстрани од нивната продавница Google Play, од каде што може да се преземат. Сепак, околу 30.000 луѓе ги инсталираа овие апликации, наведуваат од ESET на нивниот официјален блог.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.