50 милиони фејсбук профили биле жртви на безбедносен пробив

 

Од Фејсбук (Facebook) денес изјавија дека околу 50 милиони кориснички профили биле жртви на безбедносен пробив кој овозможил „напаѓачите“ доколку сакаат да можат да ги преземат профилите.

 

„Ова е сериозен проблем и ние веќе презедовме бројни чекори за да се справиме со него“ - изјави Марк Зукерберг директорот на Фејсбук за време на прес. „Ние сме и во контакт со службите на законот за да се утврди идентитетот на напаѓачите“ -додаде тој.

 

Од Фејсбук велат дека иако се на почетокот на истрагата, сметаад дека хакерите ја искористиле „ранливоста“ на фејсбук програмерскиот код за опцијата „Види како“ (“View As”), која овозможува на луѓето да видат како нивните сопствени профили изгледаат ако се гледаат преку туѓ профил.

 

Од Фејсбук веќе го поправиле проблемот и ги ресетирале лозинките на околу 90 милиони корисници кои ја користеле опцијата „Види како“ и при следна посета на своите профили овие корисници ќе мораат да се логираат повторно. Се уште не се знае дали и колку информации од нападнатите профили се искористени и злоупотребени на некаков начин.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.