Вселенско летало на НАСА го скрши рекордот за најблиско приближување до Сонцето

 

 

Сончевата сонда на НАСА наречена Паркер, која беше лансирана порано оваа година, постави нов рекорд за објект изграден од човечка рака кој најблиску се приближил до Сонцето - објави вселенската агенција на САД.

 

Леталото го надмина досегашниот рекорд од 42.73 милиони километри кој беше поставен од германско-американскиот Хелиос 2 уште во април 1976 година. 

 

Сондата Паркер чија изградба и лансирање чинеа 1.5 милијарди долари е на стратешка мисија за заштита на планетата Земја преку разоткривање на мистериите на опасните соларни бури. Нејзината мисија е да направи серии од 24 прелетувања близу нашата ѕвезда. 

 

Сепак следува да биде надминат и уште еден рекорд, односно леталото се очекува да постане најбрзото летало кое некогаш патувало во релација со Сонцето.

 

Првата блиска средба на сондата со сонцето се случи на 31 октомври. Последното приближување кое ќе биде на само 3.83 милиони милји од површината на Сонцето треба да се случи во 2024 година, известуваат од НАСА.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.